2win800x200

Портпаролката на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, Ангела Здравковска му порача на лидерот на битолскиот СДСМ: И овој пат сте ја промашиле поентата господине Крајовски

Декември 02, 2023

Интегрален текст од прес конференција на Ангела Здравковска, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола

 

 

Катастрофа од најголеми размери, елементарна непогода од незапаметен вид, е власта СДС со ДУИ !

 
Почитувани граѓани, ете, конечно прозбори и комплетно безгласниот и неважен претседател на СДС во Битола, кој наместо да одговори на прашањата на граѓаните денеска држи прес конференција со закани и без никаква смисла.
 
Господине Драган Крајовски, им останавте должни на граѓаните дали навистина во Затворот со кој вие менаџирате се употребува и се тргува со дрога и други психотропни супстанци? 
 
Дали за сместувањето во отвореното одделение вие ексклузивно одлучувате и дали можеби тоа има врска со “бизнисот”?
 
Дали ќе се одважите пред граѓаните да го покажете документот за извршениот технички прием по реновирањето на објектот?
 
Граѓаните уште прашуваат, дали во Затворот има сериозни проблеми со дисциплината, а чести се дури и физички пресметки?
 
Навистина, катастрофа и овој пат сте ја промашиле поентата господине Крајовски!
 
И разбирливо е наполно, пред се поблискиот катастрофален изборен пораз и постојаните најави за ваша смена од претседател на СДС и директор на Затворот.
 
На сите и во Битола и во државава им е јасно дека #ВажноЕ конечно оваа неспособна власт, корумпирана и криминална да замине во опозиција!
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани