2win800x200

Здружението „Ромско јато“ го одбележа Меѓународниот ден на Ромите (фото и видео)

Април 07, 2022

Здружението „Ромско јато“ од Битола во Центарот за култура го одбележа Светскиот ден на Ромите 8 април, со културно уметничка програма, поезија, музика но и пригодни обраќња за значењето на овој ден.

received 457825262754141

1

-Денес стоиме обединети за една мисија, за еднаквост и меѓусебно почитување. Овој ден е многу важен за нас Ромите бидејќи овде започнува синергијата на ромските интелектуалции, започнува да се раѓа одгворноста за идните генерации и продлжува една проактивна политика за промена на глобалната слика на ромскиот народ. На овој ден се донесени 5 важни историски одлуки за сите Роми на светот-одлука за ромската азбука, за ромската химна, за ромското знаме, за името Роми и одлука за несебична борба на ромските интелектуалци против дикриминација, расизам, асимилација и стереотипи. Денес кога во Европа се бројат 12 милиони, а Балканот брои 7 милиони Роми е време кога сите заедно треба да дадеме свој придонес за подобрување на овие човечки судбини, рече Рамадан Рустемов од „Ромско јато“

На настанот свој настап имаше хорот на Државното музичко училиште во Битола, како и групата „Evropa Klepac“ со ромскаат интерпретаторка Ема , поезијата чиј автор е Рамадан Рустемов, ја рецитираа професорите по македонски јазик Марјан Тасевски и Александар Гецовска, а  етнологот Даниел Петровски зборуваше за потеклото и културата на овој народ. 

5

Меѓунардониот ден на Ромите-8 април,  официјално прогласен во 1990 година на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска. На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром. На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот.

2

3

4

6

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани