2win800x200

Се спроведува првата фаза од дератизацијата во Битола

Април 14, 2022

Општина Битола во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје иКЈП Нискоградба,ги спроведува активностите за превентивна систематска дератизација, односно поставување на отровни мамци за уништување на глодари (глувци) - пролетна фаза. Активностите се спроведуваат согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка

Градоначалникот Тони Коњановски, денес присуствуваше на работните активности, кои се спроведуваат трет ден, а со кои до 26 април ќе бидат опфатени 3800 шахти.

Дератизација предвидено е да се изврши на:

-          подземниот канализационен систем со ревизионите и прифатните шахти во сите реони на градот;

-          прифатниот канализациски систем во околината на објекти од посебен јавен интерес: детски градинки, основни, средни и високо образовни институции, домови за сместување и престој на ученици и студенти, домови за сместување на стари и изнемоштени лица, домови за деца без родители и за деца со посебни потреби, медицински установи, јавни претпријатија, банки, објекти од областа на културата, објекти на локалната самоуправа и други;

-          прифатен канализациски систем на колективните станбени објекти во горенаведените реони;

-          дератизација на депонијатаМегленци и диви депонии во градот.

Се известуваат граѓаните, дека за успешно спроведување на дератизација како и избегнување на евентуалните несакани последици потребно е да овозможат непречен пристап до шахтите, а во текот на спроведување на дератизацијата да се оневозможи пристап на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес.

Исто така, строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамциконтакт на домашните животни и миленици со родентицидните мамци, а доколку граѓаните дојдат во контакт со мртви глодари да не ги допираат, туку да се јават во отсекот за ДДД во Центарот за јавно здравје Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани