2win800x200

Битолскиот музеј со тактилна изложба во Европската престолнина на културата 2022, Нови Сад

Јуни 07, 2022

 

Националната Установа Завод и музеј Битола, гостува во Европската престолнина на културата 2022 Нови Сад, во Музејот на Војводина, со тактилна изложба и обука за пристапност на музеите.

 

Изложбата „Допир на уметноста“, која беше отворена на 3.06.2022 год. во присуство на голем број гости, ја сочинуваат 20 панели со тактилни слики и опис на брајово писмо, со мотиви од предмети од постојаната поставка и архитектура.

Во рамките на проектот се одржа обука за музејски работници од неколку музеи од Војводина, на тема „Пристапни музеи“ од страна на колеги од Балканот со големо искуство. (м-р Јове Парговски од НУ Завод и музеј Битола, Мсц Милена Милошевиќ Мициќ од Србија, м-р Аида Шарац Бербиќ од Босна и Херцеговина, м-р Жељка Сушиќ од Хрватска).

Раководител на проектот е Д-р Ирена Ружин.

Проектот е финансиран од Министерството за култура во рамките на годишната програма од национален интерес.

Голема благодарност до домаќините од Музеј на Војводина и присутните на обуката и отворањето на изложбата за укажаната чест, интерес и гостопримство.

фото: Музеј на Војводина

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани