2win800x200

Утре и другиден посебен режим на сообраќај во Битола

Ноември 03, 2022

Утре 04.11 и 05.11 на територијата на СВР Битола ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради присуството на подрачје на Битола и битолско и тоа на 04.11 посета од страна на Потпретседателката на Р. Бугарија, Илијана Јотова како и присуство на Претседателот на РСМ г-н Стево Пендаровски и Премиерот Димитар Ковачевски на 05.11 по повод одбележување на годишнина од постоењето на РЕК Битола.

Од тие причини, СВР Битола на територијата на Битола и околината на 04.11. и 05.11 ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај при што до сите граѓани учесници во сообраќајот апелираме да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани