2win800x200

Општина Битола со поддршка на женските спортски клубови со шампионски титули

Јуни 15, 2023
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изразувајќи ја својата поддршка на женските спортски клубови, оствари средба со ракометарките од женскиот ракометен клуб „Пелистер 2012“, кои неодамна ја понесоа шампионската титула во ракомет во Пионерската женска лига. Со постигнатиот успех на државно ниво, ЖРК „Пелистер“ за првпат станува шампион, кој достојно го претставува спортскиот успех на Битола. Дел од ракометарките на клубот веќе се сериозни кандидатки за кадетската репрезентација на Македонија.
Можно е да е слика од 8 луѓе и маса
Покрај на женскиот ракометен клуб, Градоначалникот Коњановски, успех им посака и на фудбалерките од сениорска категорија од Женскиот фудбалски клуб „Топ гол“, кои ја понесоа шампионската титула во втората фудбалска лига – жени за сезоната 2022/2023, со што се пласираа во Првата лига. Екипата на „Топ гол“, одигра моќна сезона и првото место го освои без пораз.
Општина Битола и градоначалникот Коњановски, со цел поттикнување на женскиот спорт, преку Програмата за активности во областа на спортот и младите во Општина Битола за 2023 година, овозможуваат поддршка за женските спортски здруженија кои се натпреваруваат во националните лиги, а истите немаат статус на професионални акционерски друштва.
Целта е зголемување на вклученоста на жените и девојчињата во највисоките првенствени лиги и поттик за подеднакво финансирање на жените и мажите, момчињата и девојчињата во спортот.
Главен индикатор за реализираната цел е степенот на рангирање во првенствените лиги на спортските федерации. За оваа намена општината издвојува 1.500.000 денари.
Можно е да е слика од 2 луѓе, Овалната канцеларија и текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани