2win800x200

НП Пелистер денес беше домаќин на делегација од НП Плитвички езера

Јуни 16, 2023

НП Пелистер Битола, денеска беше домаќин на делегација од НП Плитвички езера од Република Хрватска.  Директорот на НП Пелистер Малиќ Шемшедини, со своите вработени срдечно ги  пречекаа  гостите од Хрватска, раководителот на секторот за заштита на природата на паркот Плитвички езера,  Крешимир Чулинович со делегација.

Нема достапен опис.

По обиколката на терен, двата тимови имаа заедничка средба во конференциската сала на Инфо Центарот и кратко запознавање со историјата на националниот парк Пелистер, како и посебностите на паркот преку изложените експонати од флората и фауната на Баба Планина, изложени во Инфо Центарот.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

На средбата беше разговарано за предизвиците и искуствата со кои се соочуваат во овој период и двата парка, а беа разменети искуства за оптимално и успешно менаџирање со природните ресурси и потенцијалите на парковите со кои раководат.

Гостите од Хрватска искажаа позитивен впечаток од обиколката на НП Пелистер, убавините на планината, организацијата на работењето и можностите кои ги нуди НП Пелистер. И двата тимови се договорија на понатамошна соработка и црпење на искуствата и споделување со цел што поуспешно менаџирање во интерес на јавното добро.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани