2win800x200

БИТ ФЕСТ 2023 ЗАПОЧНУВА СО СПЕКТАКТУЛАРНИОТ НАСТАН „ВИВА ВЕРДИ“ НА КАМЕРЕН ОРКЕСТАР НА БИТОЛА

Јуни 20, 2023

Оваа година Битолско културно лето започнува на 23 јуни во 21.00 часот во античкиот локалитет Хераклеја со спектакуларен настан наречен „Вива Верди“.

Настанот е во организација на општина Битола и Камерен оркестар на Битола IWConnect и на истиот ќе се изведуваат дел од најпопуларните опери на Џузепе Верди како Травијата, Аида, Моќ на судбината, Набуко, Риголето и др.

Како солисти на концертот ќе се претстават: Горан Начевски, Наде Талевска, Кристијан Антовски, Марија Наумовска, Нико Ѓоргиевски и прекрасниот сопран – Зана Абази Рамадани во придружба на Камерниот оркестар на Битола, хор и оперски солисти предводени од диригентот Владимир Димовски. Покрај музика за душа, посетителите на концертот може да очекуваат и дополнителни изненадувања кои ќе го означат почетокот на овогодинешното културно лето во Битола.

Влезниците за концертот се пуштени во продажба на билетарницата на Центар за култура – Битола, по цена од 300 денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани