2win800x200

Следата недела ќе биде готова обдукцијата за новороденчето од Битола кое почина по породувањето

Јуни 27, 2023

БИТОЛА – Следната недела ќе се знае причината за смртта на новороденчето од Битола, на родилката Викторија Крстеска кое почина на 9 април годинава, само два и пол часа по породувањето. Близу три месеци се чека обдукцискиот извештај за починатото новороденче од Битола од одделот за Судска медицина при Клиничката болница Битола.Првиот човек на Болницата, д-р Елизабета Ивановска за „Независен“ потврдува дека извештајот е при крај и ќе биде предаден на ОЈО.

„Се изработува обдукцискиот извештај за смртта на новороденчето, при крај е со постапката и ќе биде готов кон средината на следната работна недела. Имаме еден патолог кој доскоро ја работеше обдукцијата за шестгодишното девојче како и тековните материјали. Извештајот  ќе го пратиме до Основното јавно обвинителство Битола“, изјави д-р Ивановска за „Независен“. 

Од прес службата на ОЈО велат дека го чекаат првичниот извештај од Судска медицина при Клиничката болницата во Битола, а по неговото детално разгледување ќе се знае дали ќе издадат наредба до Институтот за судска медицина  во Скопје и дали ќе има потреба да се произнесат за евентуална причинско-последична врска на лекарскиот третман со причините за смртта кај новороденчето.

Неколку дена по несреќата со новороденчето Државниот санитарен и здравствен инспекторат, спроведе вонреден надзор во документацијата на Гинекологија и објави дека ќе има прекршочни мерки за еден лекар кој учествувал во породувањето на родилката, како и тоа дека ќе иницира и прекршочни мерки и за Битолската болница, и за одговорното лице. 

Родилката за прв пат се јавила на лекар на 8 април. Следниот ден е примена на Гинекологија поради болки, односно од ноќта до рано утрото и се правени преглед и анализи „дадена ѝ е терапија, по што е пуштена дома поради тоа што ‘раѓањето не било започнато’, пациентката била отпуштена дома со препорака  доколку се јават болки или прскање на воденикот, да се јави на одделението“, пишуваше во извештајот на ДСЗИ.

Само неколку часа после пладне, истиот ден, родилката е породена „по природен пат со употреба на вакуум екстрактор при излез“. Родено е живо машко дете со АПГАР 2. Лекарите два и пол часа се обидувале да го реанимираат, но било безуспешно.

Родилката Крстеска неодамна напиша на Фејсбук: „Со нетрпение чекам да видам што ќе се договорат за да напишат за смртта на моето бебе“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани