2win800x200

Кривична пријава за градоначалникот Коњановски поднесоа советниците од СДСМ до Обвинителството

Јуни 27, 2023

Советниците од  СДСМ денеска до Основното јавно обвинителство поднесео  кривична пријава против градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, затоа што, како што наведуваат не ги потпишал одлуките од 27-та седница, кога беа изгласани разрешувања  на членовите на Управните и Надзорните одбори во 6  јавни претпријатија.

„На 27 седница на Советот на Општина Битола беа донесени одлуки-заклучоци за разрешување на членови на Управни и Надзорни одбори на 6 јавни претпријатија во Општина Битола. Истите тие заклучоци, претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, ги потпиша и достави до градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, согласно предвидениот рок. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, согласно Законот за локална самоуправа, член 51, е долен во рок од 7 дена, да донесе решение со кое или ќе ги прифати и објави во Службен гласник или ќе донесе Решение со кое ќе го запре објавувањето на заклучците-одлуките и Решенијата да ги достави на повторно одлучување во Советот. со оглед дека измина рокот од 7 дена предвиден со Законот за локална самоуправа во кој градоначалникот бил должен да постапи или на едниот или на другиот начин, тоа не го сторил. Напротив, поминати се 20 дена со што истиот, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, го прекршил Законот за локална самоуправа член 51, со што сторил кривично дело од член 353 од Кривичниот законик“, се наведува во кривичната пријава што советниците од СДСМ денеска ја доставија до ОЈО Битола. 

356402761 654759086694852 2093287792491104564 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани