2win800x200

Коњановски на увид на градежните работи на „Копанки“-Активности за развој на туризмот на Пелистер

Јули 14, 2023
Во рамките на започнатите активности на општината за поддршка и поттикнување на развојот на туризмот, денес, кај Авантуристичкиот парк во Националниот парк Пелистер и Планинарскиот дом Копанки, беше извршен увид од страна на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници на општинската администрација и советниците од Советот кои одговорија на поканата на градоначалникот.
Од страна на вработените во Националниот парк „Пелистер“, Коњановски беше информиран дека, работите на Авантуристичкиот парк за кој Општина Битола, обезбеди поддршка од 2.400 000 денари, се одвиваат со предвидената динамика и се во завршна фаза.
Со цел, развивање на туристичките можности на Пелистер, општина Битола, овозможи поддршка на активностите на ПСК Пелистер, кои средствата ги наменаа за реконструкција на планинарскиот дом „Копанки“, за што претставниците на општината, беа информирани дека, објектот во првата фаза – карабина, планирано е да биде завршен пред почетокот на зимата.
Градоначалникот Коњановски, информираше дека, локалната самоуправа мора да даде посебна поддршка во делот на својата надлежност, со цел искористување на благодетите на планината. За таа цел, покрај наведените проекти во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, преку Бирото за рамномерен регионален развој, Општина Битола овозможува поддршка од над 7 700 000 денари за изградба на колекторски систем и пречистителна станица во НП Пелистер, изградба на фекален колектор, како и реконструкција на локален пат с.Трново до граница со НП Пелистер, за што општината има предвидено 10.000.000 денари.
Градоначалникот Коњановски, за време на денешниот увид, изрази верување дека, советничките групи на најавената координација ќе најдат можности и начини за одблокирање на предложениот ребаланс на буџетот и негово ставање во дозволената финансиска рамка на Министерството за финансии, со цел непречена реализација на сите започнати проекти.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани