2win800x200

„Кој беше Ванчо Михајлов?“: Жестока расправа во битолскиот суд

Јули 14, 2023

БИТОЛА – Во тензична атмосфера, со жесток вокабулар, напати и со клевети и лични дискредитации, почна главната расправа на судењето на Љупчо Георгиевски, сега екс-претседател на бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“.  Георгиевски според обвинителниот предлог се товари за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, или народски кажано за неговите објави на социјалните мрежи каде го величел ликот и делото на Ванчо Михајлов.

Судењето го следеше Илијан Крстев заменик-конзул од Бугарскиот конзулат во Битола и  новинар на бугарската агенција БТА. Беше присутен и претставник на ОБСЕ поради судски спор од безбедносен ризик.

Обвинителката Оливера Нечаковска од ОЈО Битола, кажа дека обвинението го поднела во мај годинава и смета дека е направено продолжено кривично дело со тоа што Георгиевски како администратор на социјалната мрежа објавувал постови со кои ширел расистички и ксенофобичен материјал. Обвинителката за сведоци на судењето ги повика претседателот на ОО на Сојузот на борци Стефан Бошков, внук на народниот херој Стив Наумов и внук на првоборецот Ѓорѓи Наумов од НОВ. Потоа, Горан Садикарио директор на Музејот на холокаустот, пејачот Ламбе Алабаковски, осуден на условна казна од шест месеци за опожарувањето на влезната врата на клубот во Битола, како и Зоран Ѓоргиев, сопственик на порталот „Бабам Битола“, инаку автор на книга за битолските Евреи и постдипломец на студии во Израел на програмата Холокауст.

На сведочењето, сведоците на Обвинителството не сакаа ни да го спомнат името на Ванчо Михајлов, па кога одговараа велеа „клубот“, додека адвокатот на обвинетиот, Насер Рауфи, сведоците ги нарече „пиромани“ и „индиректни пиромани“. Целиот текст е на следниот линк https://nezavisen.mk/koj-beshe-vancho-mihajlov-zhestoka-rasprava-vo-bitolskiot-sud/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани