2win800x200

Ноќна полициска акција- Затекнати малолетници кои се пијанчат по улици и кафулиња

Јули 16, 2023
 
Вчера( 16.07.) во времето од 00:00 до 04:00 часот,криминалистичката полиција на СВР Битола спроведе акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти и точење алкохол на малолетни лица во14 угостителски објекти во Битола ,обиколки низ Градски парк,на паркингот позади Градска библиотека,училишни дворови ,при што легитимирани биле 65 лица, во дворот на ОУ,,Гоце Делчев,, во Битола затекнати се три малолетници под дејство алкохол при што истите се предадени на родителите .
 Во колонијална продавница лоцирана на ул. Широк Сокак во Битола, од страна на сопственичката на продавницата, малолетник бил послужени со алкохол. 
 
Во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен во угостителски објект лоциран на градскиот плоштад бил затекнат  малолетник во објектот. Истиот е предаден на родителите.За сите неправилности ќе следуваат соодветни поднесоци.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани