2win800x200

Интерактив со благодарници за СН Групацијата за поддршката на младите и младинските иницијативи

Септември 07, 2023

На завршната конференција на проектот „Волонтерството е ИН“ кој го реализира Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола беа соопштени резултатите од проектот и доделени сертификати на сите учесници кои успешно ги завршија обуките и студиските посети на компании во битолскиот регион.

Претседателот на „Интерактив“ Мартин Николовски додели благодарници и на СН Осигурителен Брокер АД Битола,  СН Сообраќаен центар и СН Бар и ресторан, како општествено одговорни компании кои го поддржаа проектот.

Нема достапен опис.

„Уште поголем поттик за нас да продолжиме со поддршка на младите и младинските иницијативи се благодарниците од „Интерактив“ доделени на СН Осигурителен Брокер АД Битола, СН Сообраќаен центар – Битола и СН Бар и ресторан. Младите се незаменлив дел од работењето на секоја успешна компанија. СН Групацијата го препознава и вреднува потенцијалот на младите кадри и нашата цел е преку менторски програми и пренесување на вредни искуства да им дадеме дополнителна поддршка во процесот на едукација.“-велат од СН Групацијата.

Нема достапен опис.

Како дел од проектот, студиска посета на СН Осигурителен Брокер, СН Сообраќаен центар и СН Бар и ресторан неодамна оствари група млади луѓе како дел од иницијативата „Волонтерството е ИН“ на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола во рамките на проектот „Млади Хаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите”, чија цел е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

„Поддржувајќи ги ваквите иницијативи нашата цел е да помогнеме во зајакнување на младинските капацитети и отворање на поголеми можности за нивно професионално усовршување и напредување во поглед на кариерниот развој.“-велат од СН Групацијата.

 

Комерцијален текст 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани