2win800x200

Приведени дрвокрадци во Битола

Септември 07, 2023

  На 06.09.2023 на магистралниот пат Ресен – Битола- Прилеп,  на место викано „Тунелот" во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Ј.(21) и А.А.(31), двајцата со престој во Битола.

Тие биле затекнати во возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Е.Ј.(21), а совозач бил А.А., а кое било натоварено со огревно дрво без жиг и испратница. 

Лицета биле задржани во полициска станица, а дрвата биле предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани