2win800x200

Ѕвончињата и Коруновска предизвика бура емоции со „Ѕидот“ на „Пинк Флојд“ на отворањето на „Манаки“

Септември 24, 2023

Во чест на лауреатот и оскаровец Питер Бижу, директор на фотографија на антологискиот филм „Пинк Флојд: Ѕидот“, синоќа на свечената церемонија на отворање на фестивалот „Браќа Манаки", детскиот хор „Ѕвончиња", кој беше дел од перформансот во режија на Дејан Пројковски, заедно со членови на ЗЏМ, ги изведоа „Аnother brick in the wall“ и „Time“ од „Пинк Флојд“.

2manaki 24 9 2023

Исклучително тешка и одговорна задача имаа „Ѕвончињата" на сцената синоќа. И не е изненадување што, под раководство на Марина Коруновска, одговорија со висок професионализам овие мали, но, толку  големи амбасадори на музиката и на нашиот град. Најважно од се е што исклучително моќниот настап предизвика бура емоции кај присутните во салата во Центарот за култура, но и кај гледачите кој го следеа директниот пренос од отворањето.

3manaki 24 9 2023

Малкумина имаат можност да бидат дел од од еден Меѓународен фестивал како што е „Браќа Манаки", со што учеството на Ѕвончињата во церемонијата на отворање е од огромно  значаење за децата, за школата, за Марина Коруновска, но и за градот. Сепак, напорната работа сите изминати години на целиот тим од школата дава сериозни резултати и успешни настапи. На малите, но големи Ѕвончиња им посакуваме да се искачуваат високо на скалите на успехот.

IMG db253af2bb23f05047b46e49082f654b V

IMG 34faaecdac90bf03a7190ed927438313 V

 

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани