2win800x200

Коњановски со благодарност за ефикасноста и брзата интервенција на битолските пожарникари

Септември 25, 2023
Во последните 48 часа, 40 пожарникари од територијалната противпожарна единица, со 10 возила, постојано се на терен и покрај сите околности со кои се соочуваат успешно се справуваат со пожарите кои деновиве избувнаа во повеќе рурални места во општините Битола, Могила и Новаци.
Голема благодарност за брзата интервенција на нашите екипи, кои уште еднаш ја покажуваат на дело својата професионалност и пожртвуваност во заштитата на населението, природните и материјалните добра. Повторно, брзи и експедитивни, во секој момент се на висина на задачата. Со нивната интервенција спречени се катастрофални последици.
Драги пожарникари, огромно Благодарам за целиот Ваш ангажман.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани