2win800x200

Денеска паркинг кино на „Браќа Манаки“

Септември 25, 2023

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ претпладнево продолжува со презентација на кинематограферот Лоренс Шер, номиниран за Оскар, кој пред аудиториумот во Битола ќе промовира Shotdeck платформа, како и со работилница која ќе ја одржи Селин Бозон, поранешна претседателка на француското друштво на кинематографери.

Попладне во кино „Манаки“ ќе бидат емитувани филмови од студентската и документарната програма, а во НУ Центар за култура ќе бидат емитувани филмовите од кратка програма, специјална селекција и официјална селекција, кандидати за наградата „Камера 300“.

Во рамки на паркинг кино ќе биде емитуван копродукцискиот филм „Најсреќниот човек на светот“, а програмските активности ќе завршат со специјална проекција во чест на Питер Бижу, годинашен добитник на наградата златна „Камера 300“ за животен опус. Медиумски покровител на ИФФК „Браќа Манаки“ е МИА

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани