2win800x200

Коњановски-ПОЛИТИЧКИТЕ ИНТЕРЕСИ НАД ИНТЕРЕСИТЕ НА БИТОЛА: СОВЕТОТ НЕ ЈА ОДОБРИ РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА „ВЕЛОПАТЕКИ“

Октомври 02, 2023
Денес, уште еднаш се потврди дека популистичката политика, ги занемарува интересите на Битола и битолчани. Тоа за што сите се залагавме во предизборните кампањи и ветувавме заедништво за реализација во интерес на Битола, повторно е ставено на маргините и продолжува тенденцијата на партиско – политичко докажување: кој е во право?
Како градоначалник, морам да повикам на разумност и конструктивност од страна на
советнички групи: СДСМ, Поинаку, Левица, ДОМ и ДУИ, затоа што со денешното неусвојување на одлуката за изградба на велопатеки, загубивме сите како граѓани на Битола, а со тоа на Битола и се заканува опасноста под знак прашалник да биде доведена и идната сериозност на општината за добивање на европски средства за реализација на нови проекти.
Тоа што пред неколку месеци се обидувавме да го докажеме, преку доставување на целосна документација до советниците, денес и од нив беше потврдено низ зборовите на експертите од областа, дека конечно имаме темелен пристап во изработената документација со трајна вредност. Но, токму тие, советниците од Советот, не дозволија, одобрените европски средства за овој проект да бидат искористени за велосипедски патеки, туку побараа истите да се наменат за реконструкција на поранешниот ресторан „Парк“, објект кој доколку би се реконструирал, мора да биде функционална целина, за што општината треба да обезбеди кофинансирање во висина од 401.293 евра, наспроти средствата кои треба да се обезбедат од општината како кофинансирање за изградба на велосипедски патеки, во износ од 102.895 евра.
Тоа значи дека, вкупната сума потребна за реконструкција на поранешниот ресторан „Парк“, изнесува 801.069 евра, а изградбата на велосипедските патеки 502.671 евра.
Ваквиот пристап во Советот, води единствено кон целта на одредени советнички групи, изборите кои наближуваат да и донесат целосна стагнација на Битола.
Избрани сме да работиме и да придонесеме за поубава Битола, а не на штета на своите граѓани да настојуваме да издејствуваме политички поени или пратенички места.
На Битола и требаат велосипедски патеки. Тоа го потврдивме сите со зборови, но како локална самоуправа, со мојот тим ја обезбедивме потребната документација и потребните средства. Време е кај сите да проработи интересот за градот, наспроти личниот и партискиот интерес. Очекувам и Советот да застане зад ваквиот став и конечно да даде зелено светло за изградба на велосипедски патеки во Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани