2win800x200

„Битола на точак“ за неизгласаните велопатеки-Овој пораз е за проект на кој сите доаѓаа да се фалат и да се сликаат

Октомври 02, 2023
Иницијативата „Битола на Точак“ со реакција на денешната одлука на Советот на Општина Битола да не се изгласа точката на дневен ред за изградба на велопатеки со европски средства. 
Реакцијата ви ја пренесуваме во целост 
 
-Жално, но вистинито. Предизборно ветување во програмите на СИТЕ советнички групи кое не може да биде испорачано. Слично како за Плоштадот „Гоце Делчев“ кога со консензус сите советници го изгласаа. Порано отворено изјавуваа дека нема политичка волја. Сега само декларативно има, а во пракса воопшто нема. Овој пораз е за проект на кој сите доаѓаа да се фалат и да се сликаат.
.
Сите изговори минативе години пополека паднаа во вода. За жал приватниот интерес повторно го надвладеа јавниот. Проектот „Парк“ испадна поважен за дел од советниците. Проект кој се реализира пред 15тина години со узурпација на зелен појас во дворот на Офицерски и блокирајќи го видикот на една од нашите најрепрезентативни градби наместо да се врати во првобитната состојба и да се ослободи да ги пречекуваме гостите во градов кои доаѓаат од автобуската и железничката со реновираниот Офицерски, градов заглавен во стегите од блиското минато во 90тите.
.
А можеше и поинаку...сите да капитализираат од проектов пред своите гласачи. Проектите од висок јавен интерес како овој или чистиот воздух се можност за вин-вин ситуација за сите советници. Тие одбраа политика наместо јавен интерес. Жално, пишуваат од иницијативата Битола на точак.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани