2win800x200

ОТКРИЕНА СПОМЕН БИСТА НА ПРВОБОРЕЦОТ ЈОНЧЕ МУРЏЕВСКИ

Ноември 09, 2023
Во непосредна близина на Урбаната заедница Јонче Мурџевски во Нова Битола, свечено беше откриена бистата на Јонче Мурџевски, припадник на македонското националноослободително движење и учесник во Антифашистичката војна, од страна на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и претседателот на Урбаната заедница Пеце Гаштаров.
На свеченоста присуствуваа и пратеничката во македонското собрание Силвана Ангелевска, претставници на Општинската организација на Сојузот на борците Битола, советници и граѓани.
На свеченото откривање на бистата на Јонче Мурџевски, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски посочи дека општина Битола е секогаш подготвена да ги реализира иницијативите со кои им се оддава почит на лицата кои што го дале својот живот да нашата слобода.
На свеченоста се обрати и претседателот на ОО на Сојузот на борци Стефан Бошков, кој истакна дека Мурџевски бил еден од раководителите и најактивните комунисти во Ѓавато, а неговата куќа била редовно место за одржување на партиски состаноци и криење на илегалци. По нападот на бугарскиот участок, на 22 август 1942 г. бил уапсен од бугарската полиција и затворен во Битолскиот затвор. Во октомври 1942 г. бугарскиот суд го осудил на смртна казна со бесење и таа набрзо била реализирана во Битолскиот затвор.
Можно е да е слика од 2 луѓе и текст
На иницијатива на Урбаната заедница, беше покрената постапката за поставување на бистата на првоборецот Јонче Мурџевски. Ваквата иницијатива беше прифатена во Советот на општина Битола, со што се изврши измена во Програмата за спомен обележја.
Со помош на јавните претпријатија и приватни компании се изврши уредување на околниот простор, додека постаментот е донација од АМД "Ѓорѓи Наумов".
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани