2win800x200

Европската делегација во Скопје нема да ја финансира реконструкцијата на „Парк“- Илиевска го скри одговорот од јавноста и советниците

Ноември 09, 2023

Европската делегација во Скопје нема да ја финансира рекострукцијата на објектот „Парк“, стои во известувањето од Делагацијата исператено до претседателката на Советот Габриела Илиевска и советниците. Но, иако писмото е испратено на 2 ноември, пред една недела, до ден ден Илиевска не ги известила советнците што порака испрати Делегацијата за проектот Смарт4ју2“, велат од општината 

Од Делегацијата се јасни дека - Не постои можност за понатамошно финансирање кое би можело да се намени за реконструкција на постоечката зграда „ПАРК“ во Битола.

„Активноста „Реконструкција на постоечката зграда  на објектот „ПАРК“ во Битола“ како дел од проектот SMART4YOU2 прекугранична соработка беше модифициран бидејќи, водечкиот апликант, немаше доволно средства за реконструкција на оваа зграда, воглавно поради неодамнешните покачувања на цената. Како резултат на тоа, водечкиот апликант, предложи, наместо тоа, основање на систем од велосипедски патеки во градот Битола. После проценката на оправданоста и ревизијата, Делегцијата го дозволи овој амандман, кој подлежи на одредени услови, бидејќи одговара на слични иницијативи низ Европската унија, каде туристите можат да изнајмуваат (со наплата или бесплатно) велосипед и да посетуваат локални знаменитости.

Не постои можност за понатамошно финансирање кое би можело да се намени за реконструкција на постоечката зграда „ПАРК“ во Битола.

Секое отстапување од постоечката проектна документација ќе треба да биде иницирано и образложено од апликантот, општината Битола.

Се надеваме, дека, предвидените финансиски средства ќе бидат употребени на начин на кој граѓаните на Битола, ќе имаат бенефит од алокацијата и се надевам на негово завршување“, стои во одговорот од евроамбасадорот Дејвид Гир, испратен до претседателката Илиевска, кој е адресиран и до советниците од општинскиот Совет.

 

Градоначалникот Тони Коњановски денес на седница Совет и се обрати на Илиевска да го објави пред јавноста одговорот од Европската делегација „Смарт4ју2“

-При посетата на амбасадорот Дејвид Гир во Битола, советничката група на Поинаку предаде едно писмо во однос на проектот „Смарт4ју2“. Моите информации од Делегацијата се дека е стигнат одговорот од тоа писмо и сега ве замолувам сите нас да не запознаете со одговорот од Европската делегација за проектот кој има огромна важност за сите нас“, рече Коњановски.

А. Блажевска  

 

Нема достапен опис.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани