2win800x200

За само три дена кримполицијата расчисти тешка кражба во ХЕЦ Сапунчица во Дихово

Ноември 16, 2023
Фото: ЕВН Фото: ЕВН

 

Денеска(16.11.2023)полициски службеници од криминалистичката 
полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Д.А.(21) и две лица на возраст од 17 години сите  од Битола.
 
Истите се сомничат дека на 13.11.2023 во с.Дихово, битолско, извршиле тешка кражба на предмети и инсталација во сопственост на ЕВН Македонија-ХЕЦ Сапунчица во с.Дихово.
 
Приведените во целост го признале кривичното дело, а пронајдени и одземени им се и предметите кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ при што 
пронајденото ќе биде вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против трите  лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани