2win800x200

34 пијани возачи по улиците на Прилеп, 15 во Битола, еден меѓу нив со 2,12 промили алкохол

Ноември 19, 2023

Санкционирани 59 возачи под дејство на алкохол на територијата СВР Битола

Во текот на изминатата вечер  (18/19.11.2023)во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
 
При контролата санкционирани се 59 возачи.Од нив 34 на територија на Прилеп, 15 во Битола, кај еден возач измерени се 2,12 промили алкохол, потоа четири во Македонски Брод, три Крушево ,два во Ресен и еден во Демир Хисар . За време на контролата биле санкционирани и 33 други видови прекршоци.

Акциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани