2win800x200

„ЗИМСКА ПРИКАЗНА“ КАКО ДЕЛ ОД КУЛТУРНО – ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА НА БИТОЛА

Декември 06, 2023

Општина Битола објави јавен повик за учество во организација и реализација на културни и туристичко промотивни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2024 година - Зимска приказна.

Годинава, „Зимската приказна“, на иницијатива на Локалниот економско социјален совет, покрај кај Офицерскиот дом, ќе биде насочена и кон раздвижување на Старата битолска чаршија, со цел понуда на културно – забавни содржини за сите генерации, кои ќе придонесат и за привлекување на поголем број посетители на градот.

Аплицирањето на јавниот повик за програмскиот дел на „Зимска приказна“, ќе биде електронски, со доставување на апликација за учество на емаил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Повеќе информации за повикот се достапни на веб страната на Општина Битола, на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen_povik_zp23-2/.

Општината објави и повик до сите претставници на бизнис секторот кои сакаат да дадат поддршка за успешност и креативен раст на идејата за предновогодишна туристичка промоција на Битола.

За таа цел, се покануваат сите претставници на бизнис секторот кои сакаат да понудат културно – забавни содржини кои ќе бидат дел од „Зимска приказна“, да ја контактираат општината на телефонскиот број 047/208339 или емаил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

„Понудените музичко сценски содржини, концертни настапи или други креативни идеи, за да станат дел од „Зимска приказна“, потребно е да бидат во согласност со квалитативните критериуми на општината дефинирани за оваа програма, додека техничко – организационите и промотивните активности ќе бидат обврска на Општина Битола.

Партнерствата градат успешни приказни. „Зимска приказна“ е најдобрата можност, заеднички, сите активни субјекти во градот да направиме новогодишниот блесок да светне надалеку“, стои во повикот од општината до бизнис секторот.

Општина Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани