2win800x200

РАБОТИЛНИЦА „ ОБЕДИНЕТО ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈЧИЊАТА “

Декември 06, 2023

 

Денес во рамки на кампањата „ 16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“, со поддршка на ЕУ/Совет на Европа Ромактед програмата втора фаза, во салата на Советот на Општина Битола се одржа работилница на тема „ Обединето против насилство врз жените и девојчињата “.

На работилницата со свои излагања зедоа учество институции кои се директно вклучени во процесот за постапување по пријави за насилство: Центарот за социјална работа – Битола преку излагачот г-а Дуди Јаја – социјална работничка, која ги посочи статистичките податоци со кои располага Центарот за социјални работи Битола, во однос на семејното и други видови на насилство со кои се соочуваат во центарот, Министерството за внатрешни работи – СВР Битола преку излагачот г-а Бети Бошкова – инспекторка за малолетничка деликвенција и семејно насилство, која исто така ги истакна статистичките податоци во однос на пријавите кои ги имаат и даде објаснување како се постапува во однос на кривичниот законик и како претставник од Основен суд – Битола беше судијката Татјана Митревска која во своето излагање ни претстави два случаи за семејно насилство кои ги водела и каква пресуда е донесена за тие случаи.

Присутните на работилницата имаа можност да постават прашања и да отворат дискусија во однос на излагањата на претставниците од институциите.

 

IMG 288f6c1e9ef78153f1a5062073b78267 V

slika5

slika1 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани