2win800x200

ООУ„Даме Груев“-Битола доби сензорна соба

Декември 12, 2023
Во ОУ „ Даме Груев “ денес е отворена сензорна соба, благодарение на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „ Чекор по чекор “ со проектот инклузивни општини преку квалитетно образование, а сето ова поддржано од Германското друштво за меѓународна соработка, во соработка со Општина Битола и ЗЕЛС.
На отворањето на сезорната соба беше присутен градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски кој ја искажа потребата и значењето од ваквите сензорни соби, кои придонесуваат за поттикнување и развивање на потенцијалите на учениците кои имаат потреба за работа во индивидуален или групен контекст.
Собата е целосно опремена со сите аудио визуелни и сензорно моторички реквизити.
Можно е да е слика од 10 луѓе и текст
Можно е да е слика од текст
Можно е да е слика од 3 луѓе, виолина, кларинет и текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани