2win800x200

КОИ СЕ НАГРАДЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ПО ОБЈАВЕНИОТ ЈАВЕН ПОВИК ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Декември 12, 2023
Комисијата за избор и евалуација за доделување на награди за наградени ученици во основни и средни училишта, по Јавниот повик бр.41-261/2 од 18.09.2023 година, за доделување на награди за наградени ученици во основни и средни училишта, ја заврши евалуацијата и одлучи да бидат наградени ученици од општинските основни, средни училишта и Државното музичко училиште.
Поради потик и стимул на учениците за во иднина да продолжат да постигнуваат поголеми успеси и да ја претставуваат нашата општина на државни и меѓународни натпревари, комисијата одлучи до искористување на средствата од предвидениот буџет за оваа намена да ги награди пријавените ученици од основните и средните училишта кои имаат награди од државни натпревари на прво, второ и трето место, а истите не се прво рангирани.
Доделувањето на пофалниците на наградените ученици во чест на патронот на градот Битола „Св. Нектариј Битолски “ ќе се одржи на 18.12.2023 година ( понеделник ), во 14 часот во Офицерски дом Битола.
Можно е да е слика од нацрт, мапа и текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани