2win800x200

Златни плакети за 75 години од формирањето на Македонската спортска стрелачка федерација

Декември 19, 2023

На 16.12.2023 година во Хотел Континентал – Скопје се одржа редовно годишно и изборно собрание на Македонската спортска стрелачка федерација. На ова годишно собрание пред делегатите се даде отчет за финансиското работење на МССФ во текот на 2021 и 2022 година, извештај од надзорниот одбор на МССФ како и извештај од претседателот на МССФ Јордан Тасевски. Во текот на собранието беше приложена и програмата на МССФ за плановите во натпреварувачката 2024 година, а под точката избор на претседател бидејќи немаше пријавено друг кандидат по повикот на МССФ кој траеше од 01-20.09.2023 година од страна на делегатите на собранието повторно за втор мандат едногласно од страна на делегатите му беше доделена довербата на актуелниот претседател Јордан Тасевски.

Нема достапен опис.Од страна на претседателот и новоизбраните членови на управниот одбор на МССФ беше изразена благодарност до сите присутни за довербата која ја даваат истиот МССФ да ја предводи и во наредните 4 (четири) години. Од страна на претседателот Јордан Тасевски беше истакнато дека како во изминатите 4 (четири) години од 2019 -2023 така и во наредните од 2024-2027 ќе се залага МССФ, клубовите и спортистите да ги добијат сите услови за развој на спортското стрелаштво и ќе се продолжи со набавка на нова опрема, учество на натпревари, подготовки и семинари со цел остварување на уште повисоки резултати на домашните и меѓународните натпревари. Ќе се посвети внимание за стекнување на сала за национално стрелиште и претставување на стрелаштвото како добар домаќин на Европските младински олимписки игри во јули 2025 година. Исто така се истакна дека добрата соработката со нашите поддржувачи: Агенција за млади и спорт, Олимпискиот комитет, Министерството за внатрешни работи и Армијата на Р. Македонија ќе продолжи да се одржува на високо ниво како и поддршката од страна на нашите спонзори и поддржувачи кои се во се поголем број поради доверба кон ова раководството на МССФ. На крајот од годишното и изборно собрание Претседателот на МССФ додели златни плакети по повод 75 години од формирање и постоење на Македонската спортска стрелачка федерација на членови од Управниот одбор, тренери, селектори и заслужни спортисти на кои им се заблагодари за поддршката и придонесот за популаризација и развој на македонското спортско стрелаштво.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани