2win800x200

ВМРО ДПМНЕ за последните случувања во училиштето во Кукуречани

Декември 19, 2023
Прес конференција на Зоран Петковски, советник од ВМРО ДПМНЕ з апоследните случувања во училиштето во Кукуречани
Почитувани,
многу брзо се очигледни последиците кои се случуваат во образованието како резултат на одземањето на ингеренциите од страна на МОН.
Оваа власт, до својот последен ден, не запира со уништувањето и уривањето на нормалното функционирање на воспитно-образовниот процес.
Така, по одземањето на ингеренциите за поставување директор во ОУ “Александар Турунџев” во Кукуречани, во ова училиште, наместо редовна и добро организирана настава пред завршувањето на првото полугодие имаме бојкот и комлетно нарушување на меѓучовечките односи и училишната клима.
Дополнително, вработените се револтирани од доцнењето со пресметката на платата.
Инаку, директорката (старо-нова) кадар на СДС и некогашна припадничка на Шарената револуција, попатно би требало да знае дека за стилот на СДС-паушално и тенденциозно поднесување кривични пријави, постојат правни последици и одговорност пред Законот.
Почитувани, веќе е јасно и се повеќе на виделина излегува фактот, дека зад ваквите експерименти со ингеренциите исклучиво станува збор за изместување на тековите на воспитно-образовниот процес, а сомнежот во намерите на власта на СДС и ДУИ во заминување дали зад директорските смени се крие бркање на вработени и вработување на партиски војници на СДС од ден во ден се зголемува.
И на крајот, повторно апелираме: ова дивеење во образованието мора да запре зашто образованието е еден од најцврстите темели на државата и директен параметар кој ја одредува иднината на младите генерации.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани