2win800x200

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува и во Општина Битола

Февруари 15, 2024

Учениците од 12 основни училишта во Општина Битола ќе имаат можност да учествуваат во работилници против врсничко насилство во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Изминативе денови, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево се приклучија на активностите на „Крени глас против врсничко насилство“, а денес и Битола. За поефикасна реализација, градоначалникот Тони Коњановски и членката на управниот одбор и директорка во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска потпишаа меморандум за соработка.

 

– Приклучувањето на општините, како што сега тоа го прави и Битола, за нас е еден од најзначајните показатели дека вредностите на кампањата се препознаени од различните чинители и сегменти во општеството. Тоа ни отвора пат за соработка преку која што заеднички би дошле до решенија во врска со проблемот со булингот, а со крајна цел, тој што помалку да биде дел од животот на младите. Случаите со врсничко насилство се честа појава. Веројатно сите ние, на извесен начин, за тоа сме потполно свесни. За жал, тоа се потврди деновиве. Нашиот пристап ги следи искуствата од земјите кои што подобро се справуваат со врсничкото насилство. Во таа смисла, сите што се дел од вакви случаи, без разлика на улогата, многу веројатно ќе сносат долгорочни последици и затоа на сите нив треба да им се обезбеди поддршка – вели Јосифовска-Спасовска.

Во битолските основни училишта „Гоце Делчев“, „Даме Груев“, „Ѓорѓи Сугарев“, „Коле Канински“, „Крсте Петков Мисирков“, „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Климент Охридски“, „Стив Наумов“, „Елпида Караманди“, „Александар Турунџиев“, „Д-р Трифун Пановски“ и „Тодор Ангелевски“ ќе се одржат работилници за булинг. Психолог, којшто изминативе години работи со млади кои се соочиле со врсничко насилство, ќе ги сподели знаењата и искуствата со учениците, но и со стручните служби. Здобиената едукација тие потоа ќе можат да ја применуваат во секојдневната настава.

 

 

Објавено од А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани