2win800x200

Низ битолските училишта стигнува компјутерската опрема набавена со средства од Општина Битола

Октомври 08, 2020

Низ училиштата во градот секојдневно пристигнува компјутерската техника која се набави со средства од Општина Битола за непречено да тече он-лајн наставата. Така во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ пристигнаа 3 лап-топ компјутери, 12 деск-топ комјутери со камери и звучници и 5 таблети за цртање кои ќе се користат за решавање задачи, пишување формули, цртање на графици, дијаграми и слично, кои се неопходни за наставата по математика, физика и хемија.

„Со овие ИКТ уреди, значително ќе се подобри изведувањето на наставата на далечина, а со тоа ќе се овозможи успешна учебна година“, соопштија од Гимназијата.

Пред почетокот на оваа учебна година Општина Битола ја даде потребната поддршка до сите основни и средни училишта, со цел новиот модел на настава да се одвива без проблеми. Во основното образование беа вложени 5 502 400 денари за набавка на 203 компјутери, платен интернет за 12 месеци и 55 бесконтактни топломери Во средното образование пак, беa вложени 2 399 200 денари за набавка на 89 компјутери, исто така интернет за 12 месеци и 12 мерачи на температура. Вкупно издвоената сума за сите училишта е 7 901 600 денари или 128 481 евра.121014540 2327303464081956 6347953140898805142 o

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани