2win800x200

Машко е првото новороденче во Битола во Новата 2021 година

Јануари 01, 2021

 

Една минути по полноќ, во Клиничата болница во Битола на гинеколошко-акушерското одделение  се роди првото бебе во новата 2021 година, Методиј, со родилна тежина 3150 гр, и должина. 50 см,.кој воедно е прва радост на неговите родители.
Годинава, поради пандемијата со КОВИД-19, градоначалничката Наташа Петровска ја посети Клиничка болница и оствари средба со директорката на болницата Билјана Гагачовска и дежурниот медицински тим од гинеколошкото одделение.


„Добре ни дојдоа на свт нашите 5 нови сограѓани, нека ни се здрави, живи и вековити. Честитки до родителите семејствата, а посебни честитки до дежурните екипи на клиничка болница за нивната професионалност и посветеност. Особено честитки за мајката на првороденото које ни дојде во нашиот град првата минута после полноќ. Оваа година, за разлика од минатите, одлучивме од здравствени и безбедносни причини да не ги посетиме директно мајките и новородените, но секакотоа не не прави помалку топли и помалку искрени во нашата радост за она што ни го донесоа, а тоа е пред се нов живот“, рече градоначалничката Петровска.


Директорката на Клиничката болница Билјана Гагачовска се заблагодари на сите дежурни екипи кои за време на новогодишната вечер беа на своите работни места, особено на оние кои беа околу мајките и новороденчињата, д-р Михајло Вангелов, д-р Гоце Чакаровски, сестра имструментарка Александра Симоновиќ, акушерки Муневер Веџиу, Лилјана Стојановска, сестра Даниела Стефановска, болничар Наташа Дуковска. Од анестезиологија  д-р Николина Петровска, д-р Сотир Николовски,  сестра анестетичар Албиона Фејзуловска и неонатолог д-р. Снежана Митревска.


„Во првиот ден од новата година, се родија 5 нови бебиња, на кои што им посакувам да бидат среќни и безгрижни. Во оваа година што ја оставивме зад нас, односно во 2020 година, имаше многу нови раѓања во Клиничка болница и забележан е порст од 2% во однос на претходната 2019 година“, посочи Гагачовска.


Градоначалничката Петровска оствари видео средба со мајката, со цел да и ги пренесе честитките за првото новороденче . Мајката од своја страна се заблагодари на чинот, како и на персоналот од Клиничка болница. Градоначалничката, покрај симболичниот подарок, за првороденото бебе намени ваучер во вредност од 20.000 денари.  Таа симболично ги награди и останатите родилки и нивните деца, породени на првиот ден од новата 2021 година.

 

I R compress 1609499416613

I R compress 1609499416668

I R compress 1609499416729

 

I R compress 1609499416517

I R compress 1609499416571

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани