2win800x200

Фатен арамија кој крадел во цркви, манастири и училиште

Февруари 04, 2022

Битолската полиција  по преземени мерки и активности  го откри сторителот на четири тешки кражби на подрачјето на Битола, Р.Д.(24) од Битола. Три од нив биле извршени во цркви и манастири во изминатиот период, а една тешка кражба е сторена во средно општинско училиште.

 
Осомничениот Р.Д. бил повикан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор, при што тој ги признал кривичните дела. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани