2win800x200

Услов за понатамошни преговори признавање на сувереното право на сопствена историја- проглас на Сојузот на борци од Битола

Јули 05, 2022

Не е само јазикот елемент на национална идентификација, туку ништо помалку таков елемент е и историјата. Не го прифаќаме дефокусирањето на проблемот преку изјавите „македонскиот јазик е чист и заштитен во преговарачката рамка“ туку бараме услов за натамошни преговори да биде признавањето на сувереното право на сопствена македонска историја и образование, стои во прогласот што до државните институции и јавноста го упати Сојуз на борци од Битола и граѓаните продолжувачи.

„Сите државни институции инволвирани во процесот да изготват јасна порака до Софија дека никогаш нема да дозволиме да ги уништите или избришете македонската историја, јазик и идентитет. Во името на осумте надорни херои, стотиците загинати и преживеани борци, над 3000 депортирани Евреи и сите наши сограѓани, апелираме Валдата да го прифати овој проглас и да покаже залужна почит кон жртвите од НОБ“, потенцираат од Сојузот на борци.

Според нив, Протоколот за македонска интеграција во ЕУ, во форма во која беше презентиран пред јавноста директно ја тангира историјата и има јасна тенденција за ревизија на историската вистина по терк на бугарскиот историографски наратив. Од Сојузот забележуваат тенденција за ревизија на македонската антифашистичка историја од профашистички позиции, особено изразено преку делови кои третираат измислен говор на омраза преку спомениците и во учебниците, како и рехабилитација на жртвите од комунизмот. За нив протоколот е срамен , лажен и понижувчки, па сметаат дека македонските иснтитуции во одреден момент можат да го откажат и спроведувањето на Договорот за пријателство со Бугарија од до 2017 година во оние делови каде се третираат историски и националните прашања, односно во Комисијата за историски и образовани прашања.

„Македонскиот народ и останатите националности кои живеат во Македонија во време на Втората светска војна четири години се бореа против германскиот, италијанскиот албанскиот и бугарскиот фашизам и ја создадоа македонската држава. Таа борба е неотуѓив и нераскинлив дел од македонската национална историја и македонскиот национален иденитет. Ревизијата и негирањето на таа македонска историја значи рушење на македонската национална држава “, сметаат борците и нивните продолжувачи.

За нив, вклучувањето на Бугарите во уставот е неприфатливо се додека официјална Софија води нескриена антимакедонска пропаганда и изразува аспирација за асимилација на македонскиот народ. А македонскиот пат кон ЕУ , велат, не смее да зависи од тоа дали Бугарија е задоволна од исполнувањетро на нејзините желби, па затоа да се бараат недвосмислени гаранции од Европа за непречен напредок во интегацијата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани