2win800x200

Транзицијата на РЕК кон обновливи извори не значи затворање на комбинатот, туку развој и нови вработувања, рече Матевски

Јули 06, 2022

Транзицијата на РЕК Битола од производство на електрична енергија од јаглен кон производство од обновливи извори апсолутно не значи затворање на комбинатот. Во сите проекти и чекори што ги преземаме, покрај континуираното производство на струја, наш приоритет се вработените, порача директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски на средбата во рамките на иницијавата за размена на искуства помеѓу региони со јаглен кои се наоѓаат во транзиција од Северна Македонија и Грција.

“ Праведната транзиција за нас не е само замена на фосилни горива со чиста енергија. Пред се, во сржта на праведната транзиција е да го обезбеди човековото право на работа и благосостојба, да обезбеди нула отпад и реставрација на екосистемите. Со изградбата на капацитетите за производство на електрична енергија од обновливи извори што ги планираме, бројот на вработени во РЕК Битола само ќе се зголемува”, рече Матевски.

РЕК 3

Тој се осврна и на проектите за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори што во моментов ги работат АД ЕСМ и РЕК Битола.

“ За првата фотонапонска електрана во РЕК Битола од 20 MW АД ЕСМ на 1 јули потпиша договор со ЕБРД за поволна кредитна линија. Втората фотонапонска електрана од 60 MW ќе биде изградена на тлото на исцрпените наоѓалишта на јаглен во рудникот Суводол. Третата сончева електрана од 100 MW ќе биде изградена, исто така, во рудникот Суводол, додека четвртата од 100 MW ќе биде лоцирана во рудникот Брод-Гнеотино. Во тек се подготовки за изградба и на гасна електрана во РЕК Битола, со почетна инсталирана моќност од 250 MW, која ќе обезбедува и електрична енергија, но и топлинска енергија за општините Новаци, Могила и Битола. Сите наведени проекти ја претставуваат енергетската транзиција на РЕК Битола и се инвестиции кои во следната декада треба да го заменат производството на електрична енергија од јаглен, паралелно прекфалификувајќи ги и вработените за работа во нови типови на производствени капацитети”, рече Матевски.

РЕК 2

Иницијативата за размена на искуства помеѓу региони со јаглен во транзиција ја реализира Македонската академија на науките и уметносите во соработка со кабинетот на Премиерот на Република Северна Македонија и Секретаријатот за европски прашања. Иницијативата финансиски е поддржана од Европската комисија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани