2win800x200

Симболично прославено ставањето темели на првата смарт зграда во Битола, во предпродажба ги има идните први станари

Јули 22, 2022

Денес симболично беше прославено ставањето на темелот на првата смарт зграда која започна со градба во Битола и која уште во претпродажба ги има имињата на своите прво идни станари.

X7 е првата и единствена смарт зграда која како инвестиција влегува во Битола и ќе располага со 75 станбени единици кои ќе имаат од 30 m2 до 129 m2. 15 различни типови на станови со идеален распоред, се прв пример на одлична функционалност, врвен комфор, енергетска ефикасност и зголемена безбедност и сигурност на домот. Лоцирана е на атрактивна локација во Комплексит касарна – кај Стокомак, во непосредна близина на централното градско подрачје на Битола.

294224325 368892525429564 127258865529451659 n

Според инвеститорите, Х7 претставува иновативната визија на паметно живеење, а со нејзините предности нљ едноставно, целосно управување со уредите во паметниот дом - со единствена мобилна апликација и мануелна контрола, 24/7 безбедност на домот, како и со огромна заштеда на електрична и топлинска енергија, прави голем исчекор во градбите на иднината во нашиот регион.

„Првата смарт зграда во Битола започна со градба и во експресен период за градба во наши услови ќе биде готова. Ставањето на темел, за нас во градежната индустрија има повеќезначна симболика, но она што е важно е дека со експресно брза динамика започнуваме со вкупните бетонски работи и овој проект многу брзо ќе се финишира. Убаво е чувството на самиот старт да знаете дека сте ја добиле довербата од купците на становите, ги имаме и првите идни станари, како што е во овој наш случај. Тоа е знак дека Битола е подготвена за иднината преку футуристичко домување во првата паметна зграда. Ова е инвестиција која ги менува правилата во каков дом треба да се инвестира. Оттука и огромниот интерес да се има стан токму во Х7”-истакна Крсте Неделковски, извршен директор на СмартБит проектот.

295119568 1098704101063658 4519449158879828151 n

Во Х7, ќе бидат сместени 75 луксузни станбени единици, а станарите на располагање ќе имаат простор за забава и дружење опремен со билјард, пикадо, мини кино, пинг понг, rooftop тераса за правење скара и маси за дружење, спа и фитнес центар, детска градинка, маркет и аптека. Автоматизирани се сите процеси уште во фаза на градба, а применети во осветлување, греење, климатизација, безбедност и редица други детали.

Деновиве на идните станари на Х7 им се понуди и одлична можност со 0% камата, 0% учество за кредитирање во Х7.

Локација на Х7 https://goo.gl/maps/nisN2uhZ1vqWFm5h6

Дополнителни информации на 071 777 279 https://smartbit.mk/loan

 

https://www.google.com/maps/place/SmartBit+-+X7/@41.0216866,21.3248144,17z/data=!3m1!4b1!4m5!3m4!1s0x13572536cad4c0bb:0x98e60592ff7c3f23!8m2!3d41.0216826!4d21.3270031?shorturl=1

294376471 774765996965691 4962377674787142404 n

294309480 5115270458520655 8477905891042564805 n

292744790 721516815808455 4244359435526575638 n

293511834 1090528568500862 3204591576861693921 n

293753109 1157243448168389 1114189381245723047 n

293821832 591773865865926 5144077134739718530 n

293997854 806826800689464 4058380411167369223 n

294313082 5252662254830315 1496962778476464403 n

 

294316775 1271123540331110 7704146247432511959 n

293997854 806826800689464 4058380411167369223 n

294429373 454691972880236 4481926999247780555 n

294154605 1205478436963115 5948858128557530677 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани