2win800x200

Објавен видео спотот за песната „Од Битола појдов“ на Еврејката со битолско потекло Сара Ароести

Јули 23, 2022

Објавено е видеото од традиционалната македонска песна „Од Битола појдов“ во изведба на познатата американска ладино пејачка Сара Ароести, Еврејка со битолско потекло, која денес живее во САД. Спотот за песната снимен е на Широк Сокак.

Ароести на нејзиниот фб профил напиша дека во песната се слават жените од Битола, град од кој потекнува нејзиното семејство. „Битола некогаш беше дом на просперитетна сефардска еврејска заедница пред Втората светска војна, а сеќавањата на времето поминато ми ги пренесеа моите предци кои некогаш живееле таму. Ова видео го снимив минатото лето во дворот пред куќата на моето семејство (позната како „Еврејска куќа“) за да му оддадам почит на овој сакан и колористен град“, напиша Ароести.

Како пратечки вокали во песната се јавува и познатиот битолски пејач Сефедин Бајрамов. Мими Марковски, на кларинет Вевки Амедов, како и други музичари од Израел.

Уредник: Михал Бен Лиор (Израел)

Пост продукција: Раф Кримсон (Израел)

Мими Марковски: Продуцент (Македонија)

Александар Котевски: Оператор на ДОП и камера (Македонија)

Стојанче Чавироски: Оператор на дрон (Македонија)

Сара Лазаревска: Помошник (Македонија)

Ана Марковска: Кореограф (Македонија)

Expose Dance Studio: Михаела Вељановска, Ана Марија Петровска, Натали Гарабилевиќ (Македонија)

Продукција на песната:

Вевки Амедов: кларинет, пратечки вокали (Македонија)

Сара Ароест - вокал (САД)

Шаи Бачар: музичка продукција, клавијатура (Израел)

Сефедин Бајрамов: пратечки вокали (Македонија)

Гергели Барца: Балкански дрвени дувачи (Израел)

Итамар Доари: удари (Израел)

Талија Јона Клигер: пратечки вокали (Израел)

Мими Марковски: пратечки вокал (Македонија)

Сара Ароести вчера беше и гостинка на Локум Фест каде заедно со Сефедин Бајрамов испеаа македонски песни кои се белег на Битола. Ја испеа и песната за Еврејката од Битола и прерано почината партизанка Естреја Овадија Мара, која денес е химна на истоимената градинка во Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани