2win800x200

И на летни температури турбо подготовки за грејната сезона во РЕК Битола

Август 09, 2023

Во тек е  реконструкција и модернизација на разладанта кула на Болк 2 на Термоелектраната Битола, а во употреба е пуштен и новиот БТО систем во Рудникот ПЈС Суводол на кој во изминатите месеци напорно се работеше. Генералниот директор на РЕК „Битола“ Пеце Матевски на денешната прес конференција рече дека и покрај високите температури во Комбинатот се работи турбо и предвиденото постепено се остварува.

363850554 191062950470659 2917061520613137807 n

„Ремонтот на Блок 1 е завршен и ставен е во функција. Јагленовиот систем кој 30 години беше на едно исто место сега е пренесен со цел да има што поголемо производство и е ставен во функција. Сега се раборти на ремонтот на Блок 2, како и на модернизацијата на разладната кула 2 каде азбестните плочки се заменуваат со еколошки материјали. Го осовременуваме нашиот комбинат со набавка на нови машини, трансформатори, замена на стари материјали. Го враќаме сјајот на РЕК Битола благодарение на работниците и на успешноста на менаџментот“, рече Матевски.

363434879 309298491660615 5058995378473005986 n

363797499 3220035724809443 6317406036730509739 n

Александар Пасков директор на Термоелектрана изјави дека ремонтот на Блок 2 почнат е пред еден месец и работните активности се некаде на средина, планирано е да заврши околу петти септември.

„Започнати се активности на сите постројки. Во машинска сала изваден е роторот на генераторот, се работи на генераторот, на турбината и на котловскиот дел на Блок 2. Најголема активност е модернизација и реконструкција на култата, проект започнат пред две години. Се замена азбесниот дел со нови современи материјали“, рече Пасков.

359053176 2169181946625327 8277964948542349921 n

Во рудникот ПЈС во Суводол во моментов се завршните операции од преместувањето на јагленовиот систем што е операција преземена по 30 години и негово пуштање во работа. Во изминатиот предиод беше реконструиран со нови делови и преместен со што ќе се овозможи  поголема откривка и поголем ископ на јаглен.

358826821 2233182673535435 6434969308804381323 n

„Најкомплицирано беше поместувањето на погонските станици бидејќи се многу тешки и бара многу напор и механизација за да се постават на новите позиции. Системот е пренесен за еден километар од претходното место, а во должина е од 6 километри кои се реконструирани со нова опрема и се со наши средства и максимално залагање на вработените. Со ваквиот зафат во следните 4 до 5 години јагленовиот систем без проблеми ќе го обавува транспорт на потребните количини на јаглен до Термоелектраната. Ја вршиме и реконструкцијата на јаловинскиот систем“, рече Димитар Петковски, директор на Рудници.     

363556372 1019813702352673 730555026902709615 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани