2win800x200

Со бетонирањето на темелите продолжува реконструкцијата на планинарскиот дом Копанки

Август 16, 2023
Со бетонирањето на темелите, продолжува реконструкцијата на планинарскиот дом Копанки, култното место на Пелистер за голем број генерации битолчани.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, изврши увид во почетните градежни зафати и беше запознат со активностите кои што следат и динамиката на изведба во наредниот период.
„Присуствуваме на реконструкцијата на објектот на планинарскиот дом Копанки, со мене е дел од раководната структура на Планинарскиот спортски клуб Пелистер и дел од административните работници – инженери, со кои вршиме увид во теренските активности.
Да напоменам дека до сега се изврши рушење на старата конструкција, се изврши ископ за поставување на темелите, армирање на бетонски столбови и денес веќе почнуваме бетонирање, со поставување на првата бетонска површина. Се надевам дека за неколку денови оваа подна плоча, првата фаза ќе биде завршена и доколку временските услови тоа го овозможат, до крајот на годината ќе бидеме сведоци на поставување на објектот до фаза на карабина.
Ова е место за кое сите битолчани сме длабоко врзани, емотивно и сите љубители на планината очекуваат овој објект да се заврши. Се надевам и дека временските услови како што реков ќе ни одат во прилог и заедно ќе бидеме сведоци на оформувањето на овој објект“, рече градоначалникот Коњановски.
По 10 години од опожарувањето на објектот, беше потпишан договор помеѓу општина Битола и ПСК ПЕЛИСТЕР, по што се изработи проект за реконструкција на планинарскиот дом Копанки.
Општина Битола минатата година во буџетот за реконструкција на планинарскиот дом издвои 3.8 милиони денари, а додека во буџетот од 2023 година за реконструкција на планинарскиот дом Копанки беа предвидени 2 милиони денари, по што градоначалникот Тони Коњановски предложи зголемување со дополнителни 1 милион денари, што се очекува да биде усвоено со новиот ребаланс на буџетот.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани