2win800x200

Груевски-Направивме мали енклави во кои градоначалници буквално не одговараат пред никого

Декември 22, 2023

Создадовме градоначалници кои кога ќе станат сабајле, може да променат 20 или 30 директори во зависност од големината на општината. Тоа во оваа држава не може да го направи ниту премиерот, градоначалници кои можат да потрошат 30 или 50 милиони евра со свој потпис. Тоа не можат да го направат ниту министрите, вели Валентин Груевски, потпретседател на ЛДП, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Ние направивме мали енклави во кои тие градоначалници буквално не одговараат пред никого. За разлика од нив, на пример советниците, имате совет кој добил дупло повеќе гласови од градоначалникот. Значи ве претставуваат од разни политички партии, 30.000 гласови наспроти градоначалник со 15.000 гласови. Најголемата небулоза во законот е тоа што, ако на пример буџетот за тековната година не се изгласа до 31 март, советот се распушта, а градоначалникот останува. Ако советник отсуствува три седници на советот, него му престанува мандатот. Ако советот не се состане шест месеци, тогаш советот се распушта. Градоначалникот може четири години да не дојде на седница на совет и тоа се случува“, истакна Груевски.

Груевски најави дека ќе се собираат потписи по одлуките на Централниот одбор со кои ќе се направи обид за предизвикување на промена на законот.

Целиот текст на следниот линк https://telma.com.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани