2win800x200

Откорнати клупи од пешачка патека во Битола и фрлени во Драгор

Декември 12, 2021
Фото Јасмина Ѓоргиевска Фото Јасмина Ѓоргиевска

Непознати сторители во текот на ноќта откорнале две клупи од пешачката патека над Ленски мост и ги фрлиле во Драгор. Битолачни беа разочарани од глетката и коментираа на кого му пречеле клупите, да ги открини и фрли в река. Тие беа поставени пред две и пол години кога локалната самоуправата улицата од Ленски Мост до поранешна Хигиена ја претвори во пешачка зона и ја забрани за сообраќај. Урбаната опрема им  овозможуваше на минувачите да можат да седнат и да уживаат во старата чаршија. Но, очигледно за некои битолски ванадали поважен е деструктивниот набој отколку грижата и заштитата на градот. Срамно!

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани