Street gif

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци Стевче Стевановски воедно е и претседател на Општинската изборна комисија во оваа општина, која е одговорна за законски спроведување на престојните претседателски избори.

Жители на пелагонската општина Новаци прашуваат дали Стевановски законски и морално може да ги извршува и двете функции без при тоа да не се повреди начелото на непристрасност.

„Лобира за еден од кандидатите за претседател, а е главен на ОИК“, велат жители од Новаци

Тие велат дека Стевановски во предизборието е активен во населените места и лобира за еден од кандидатите за претседател.56664537 10218831855133644 2553676688210788352 n

(Фото: Од предизборните активности за претседателските извори, на фотограгијата се и локалниот координатор Стевче Стевановски и претседателот на паријата ВМРО-ДПМНЕ. Фотографијата е од фб страницата на ВМРО-ДПМНЕ во Новаци) 

Стевче Стевановски, од 2015 година е вработен во Општина Новаци на работно место советник за легализација на земјоделско земјиште, а од 2016 година е избран за претседател на ОИК во Новаци. Додека пак, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Новаци е од 2013 година.

Стевановски: „Тоа што сум претседател на Општинскиот комитет, нема врска со ОИК“

Стевановски за Апла.мк вели дека не гледа конфликт на интереси што во исто време е претседател на ОИК и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Новаци.

-Досега како претседател на ОИК во Новаци сум поминал и парламентарни и локални избори и референдумот. Не сум имал никакви забелешки од ДИК за мојата работа. Законот е јасен, јас можам да ја напуштам позицијата на претседател на ОИК , само заради здравствени причини или патување во странство. А ако некој намислил да ме менува, тоа нема да се случи, зошто работам професионално и по закон. Ми останува уште една година од мојот мандат како претседатл на ОИК-Новаци и тоа значи дека останувам на оваа позиција. Тоа што јас сум претседател и на ВМРО-ДПМНЕ , тоа нема врска со моите активности, вели за Апла.мк Стевановски.TNT 8385

(Фото: Еден од митинзите на кои и Груевски говореше во Новаци, а на кој беше присутен и сегашниот претседател на ОИК ) 

Од ДИК велат случајно бил избран

Од ДИК за Апла.мк одговорија дека законот не предвидува судир на интереси од ваков вид кога претседател на ОИК е и претседател на политичка партија во едно населено место.

„Во случајот нема законски пречки. Во изборната администрација се избираат лица по случаен избор од редовите на државните службеници. Предвидено е во законот од кои органи не може да се членови во ОИК, но не за ваков случај“, рече портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска.

Таа вели дека досега не им било алармирано за друг ваков случај како во Новаци.

И други високи партиски функционери биле први луѓе на ОИК

Во другите општини во Пелагонија нема друг случај претседател на партиски огранок да е и претседател на Општинската изборна комисија. Но, сепак на чело на комисиите има и лица кои долго време биле партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Таков е примерот со Могила каде претседател на ОИК е Славко Велевски кој дури четири мандати беше градоначалник на Општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Правниците гледаат конфликт од морален и етички аспект

Стручњаци од правната фела за Апла.мк велат дека со извршувањето на двете функции се доведува во прашање објективноста и непристрасноста.

-Од формален аспект можеби е во ред што лицето во исто време е претседател на ОИК и претседател на политичка партија во таа општина, но од морален и етички аспект тука би можело да има конфликт на интереси ако говориме со политички речник. Тоа е една слична ситуација кога еден судија се иззема од предметот заради тоа што е во роднинска или било каква друга врска со еден од странките во тој предмет. И самиот закон предвидува „други околности што би влијаеле на пристрасноста“. Некои закони треба да се ревидираат зошто вакви какви што се, отворено се доведува во прашање начелото на објективност при постапувањето за време на изборите од лицето Н.Н, вели долгогодишен битолски адвокат. 

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери поднесоа иницијатива за свикување на вонредна седница на Советот на Општина Битола  за утре со почеток во 9 часот.

„Со следниот дневен ред: барање до Владата на РМ да прогласи вонредна состојба на територијата на општина Битола. Итни мерки за справување со временските неприлики на територијата на Општина Битола, и тоа барање за активирање на Дирекцијата за заштита и спасување  за справување со временските неприлики, со активирање на дополнителна механизација, барање за вклучување на волонтерската служба на Црвен крст со цел обезбедување на потребните намирници и лекови на граѓаните од отсечените делови од градот“, рече советничката Елена Трајчевска од ВМРО-ДПМНЕ.  

На седницата бараат донесување одлука за координирана акција на сите јавни претпријатија, сообраќајната инспекција и СВР Битола во целосно чистење на паркинзите, коловозите, пешачките патеки и обезбедување пристап до сите институции.

 Како причини за оправданоста за ваквата вонредна седница ги наведуваат експремно ниските температури, големите врнежи снег, зголемениот број повреди, а како што изјави Трајчевска, деновиве снежното невреме ја однесе и правата жртва во сообраќајна несреќа во Битолско.     

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицковски,  потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Иванчо Тошевски денеска во Битола на француските гробишта присуствуваат на  чествувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна.   

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна ("Commémoration du 11 novembre 1918") и Денот на народна жалост („Volkstrauertag“), амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија заедно го одбележуваат  споменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи. Комеморациите  денеска се одржуваат на француските воени гробишта во Битола и  на германските воени гробишта во Битола.

За тотален хаос и безидејност во образованието, денес на прес конференција обвини Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

„Втора учебна година започнува под раководство на оваа Влада и втора година на неисполнети обврски, тотален хаос и безидејност. Иако и локалната и централната власт имаа доволно време да се екипираат и да ги обезбедат потребните учебници, сеуште нема учебници целосно. За шесто одделение, две години се чекаат нови учебници, а децата сеуште користат прастари учебници од 2009, 2010 и 2011 година. За останатите одделенија нема нови учебници по оние предмети по кои минатата учебна година МОН ги повлече од употреба, но не знаеме колку години ќе им се потребни за да ги заменат со нови“, обвини Марина Стефановска Јовчева член на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.

Страница 1 од 7

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани