2win800x200

Училиштата во Битола ги отвoрија вратите за првачињата

Септември 02, 2019

Денеска почна учебната година за 945 првооделенци во Битола, а од Општината велат дека училиштата ги отвориja вратите за првачињата. Дел од учениците  биле примени на првиот училишен ден, а за други наставата почнува утре поради штрајкот на СОНК за повисоки плати на просветните работници, кој е предупредувачки и ќе тре само еден ден.

Првачињата во ОУ „Стив Наумов“ во Битола ги пречекаа една година повозрасните другарчиња од второ одделение, а откако во училишниот двор беа прочитани имињата на првооделенците кои ќе учат во ова училиште, тие седна во училишните клупи. Нив ги поздрави градоначалничката Наташа Петровска и им посака успешен почеток на школувањето.

natasa prvacinaj

-Овде сме на првиот училишен ден, еден од најзначаните зa првачињата. Токму во оваа прилка сакам на сите прбвооделенци во Општина Битола да им го честитам почетокот на нивното школување, да м поскам добро здравје успех, да сатант вредни луѓе кои ќе се вклопат во општествената зедница и ќе придонесат за развој на нашата земја. воедно, сакам успешен почеток да им поскам на сите други ученици, рече Петровска

Првачињата со пригодни подароци ги поздрави и генералниот директор АД ЕСМ, Васко Ковачевски, и на сите  ученици, наставници  им го честита почетокот на учебната година

vasko prvcinja

-АД ЕСМ заедно со подружниците РЕК Битола и РЕК Осломеј, денес активно се вклучува во почетокот на новата учебна година со акцент на првооделенците, на најмалдите на кои симболично им подаривме мали подароци со пораки како да ја чуваме прирдата, акао да ја чуваме нашата животна средина, како да се грижиме за иднината со акцент на обновливите извори на енергија, рече Ковачевски и додаде дека посебно е среќен за оваа посета затоа што и тој своето образование го започнал токму во ОУ „Стив Наумов“ во Битола.

Директорката на ОУ „Стив Наумов“, Динака Христовска, рече дека годинава во училиштето се запишани 102 првачиња

djana prvacinja

-Бројката на првачиња во нашето училиште секоја гдина се згоемува, што посебно ме прави среќна. Ние денес ги примивме првачињата, првиот училишен ден беше организиран во најдобар ред, рече Христовска.

site prvacinja

70161773 796004640814097 202136871940128768 n

prvacinja

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани