2win800x200

По 40 години прва реконструкција на патот за Маловишта

Февруари 24, 2020
 
Почна реконструкцијата на патот за Маловишта , единствено село кое е сместено во Националниот парк "Пелистер" и прогласено за заштитена споменична рурална целина. 
 „По 40 години, патот се реконструира. Во овие последни години додека се правеа хидроцентралите патот ни го направија катастрофа и не можевме ни за селото да одиме безбедно. Нашето село е прочуено по убава црква и манастир, доаѓаат туристи од секаде и постојано се чудеа што е со патот. Патот беше широк три метри, а сега ќе биде четири метри, со банкини од 50 сантиметри, па ќе можат да се разминат две возила”, рече Јован Нашовски од Маловишта.received 2998906990166149
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Никола Бабовски,  најави дека преку Програмата за рурален развој обезбедени се 16,3 милиони денари со цел подобрување и подостоинствем живот во малите населени места.
 
„По 40 години, за првпат се врши интервенција на овој патен правец кој беше оставен на немилост на времето. Во Битола преку Програмата за рурален развој се активни шест проекти со вкупна поддршка од Агенцијата и Владата од 42 милиони денари. Обезбедуваме во руралните средини да можат младите луѓе да развиваат свој бизнис, тука да можат да ги основаат своите семејства, да вложуваат во руралниот туризам и да вршиме заштита на културно-историските споменици”, рече Никола Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството.
 
Градоначалничката Наташа Петровска изјави дека Општината кофинансираше 2, 3 милиони денари во овој проект.
 
 „На овој патен правец над 40 години не било ништо преземено. Секогаш сум велела дека општината не е само градското јадро, туку целиот опфат околу градот и ова потврдува дека политиките во таа насока ги движиме. Она што го направи Општината во претходниот период за овој проект е изработка на планска документација одлуки на седници на совет и кофинансирачкиот дел кој е над 2,3 милиони денари. Ќе продолжиме да се движиме во оваа насока зашто нам ни треба рамномерен развој насекаде“, рече Петровска  received 1301695990028817
 
 „
received 189375089140538
Инаку, во Битола преку програмата за рурален развој ќе бидат вложени 42 милиони денари за 6 проекти.
Ж.З. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани