2win800x200

Илиевска до Кромидаровска-„немаме забораено дека не праевте 'мајмуни' со бојадисвање кафези“ 

Септември 21, 2023

Габриела Илиевска, претседател на Советот на Општина Битола  и возврати на повикот на советничката на СДСМ Елена Кромидаровска дека како локален функционер и таа треба да се „заангажира за подобрување на состојбите во Зоолошката, со истиот жар како кога беше опозиционерка и бараше затворање на градината.“ СДСМ вчера на прес побара од градоначалникот Тони Коњановски да ја разреши директорката на Зоолошката во Битола, а потоа посочи и на одговорноста на Илиевска. 

Илиевска, пак и порача на СДСМ, партијата со која патем е во нова неформална коалција во Советот дека „немаме забораено дека не праевте “мајмуни” со бојадисвање кафези“ 

Нема опис за фотографијата.

-Го слушав пресот на Сдсм Битола за зоолошката.

Ингеренциите за зоолошката се поделени на Министерство за култура (Сдсм) и Општина Битола (Вмро Дпмне), ама ако ви е полесно НИЕ да СМЕ криви, ДОБРО .
П.с да ве потсетам: имате министерка за култура од Битола од Сдсм и немаме забораено дека не праевте “мајмуни” со бојадисвање кафези.
А ОЧАЈНИ е мал збор за условите во кои беше и уште е зоолошката во Битола!, напиша Илиевска на Фејсбук. 
 
 
 
 
 
 
А.Б
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани