2win800x200

На 19 декември во 1920 г. во Неготино е роден Лазар МОЈСОВ,  припадник на македонското и југословенското комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, државник, политичар, публицист, дипломат.

На 15 декември  1914 г. во Битола е роден Јосиф ХРИСТОВСКИ-Ѕвончаро, припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба во Југославија.

Основно и средно образование завршил во Битола. По матурата во 1933 г., се запишал на правни студии во Белград, Србија. Откако дипломирал во 1939 г. се вратил во Битола, бил еден од иницијаторите за создавање на Местен комитет на КПЈ во градот и станал негов прв секретар.

Заради својата револуционерна дејност од српската полицијата бил повеќе пати апсен и затворан. Во 1939 г. бил затворен во Билеќа, Босна и Херцеговина. Откако се вратил повторно бил вклучен во работата на комунистичката организација во Битола како член на Местниот комитет. Во септември 1940 г. бил уапсен и осуден на пет години затвор. Казната ја издржувал во Србија, во затворот во Сремска Митровица. Тука го затекнала Априлската војна од 1941 г.

Во август 1941 г. заедно со други комунисти-затвореници успеал да побегне од затворот и како партизан се приклучил на Фрушкогорскиот партизански одред. По краток период се префрлил во западна Србија и учествувал во создавањето и работата на познатата Ужичка република. Оттука заминал во југозападна Србија и во реонот на Лесковац бил борец на Кукавичкиот партизански одред.

Загинал во борбите на оваа партизанска единица со големосрпските четници на Дража Михајловиќ во април 1942 г..

                                                                                                                              подготвил: д-р Александар Литовски

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

Декември 09, 2017

На 9 декември  1943 г. кај месноста Сувата Чешма, кај село Бараково, Горноџумајско /ден. Благоевградско/, Пирински дел на Македонија, е убиен Никола ПАРАПУНОВ, припадник на македонското националноослободително и бугарското комунистичко движење и учесник и организатор на антифашистичката борба во Пиринскиот дел на Македонија.

На 7 декември во 1993 г. во Скопје, почина Блаже КОНЕСКИ, учесник во Антифашистичката и националноослободителна војна на македонскиот народ, филолог, поет, универзитетски професор, академик. Роден бил во селото Небрегово, Прилепско, на 19 декември 1921 г.

Вo 1987 г. во Скопје почина Лазар КАЛАЈЏИСКИ-Добри, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, полковник на ЈНА.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани