2win800x200

Зајдисонцата на Коста Ќука ќе ги красат и ѕидовите на Битолската болница

Декември 05, 2018

Фотографиите со зајдосонцата на битолчанецот Коста Ќука од денес ќе ги краст и ѕидовите на Клиничката болница во Битола. По повод Денот на лицата со посебни потреби Коста донираше пет од фотографиите од неговата прва изложба насловена „Кога заоѓа сонцето“. На фотографиите тој уловил прекрасни зајдисоцна. Преку нив и руменилото на небото ја прикажува надежта дека ќе се избришат разликите меѓу луѓето и ќе се урнат ѕидините од предрасуди.

 

„Во склоп на Мегународниот ден на лицата со посебни потреби денес во Kлиничка болница Битола бевме почестени со една донација од пет фотографии од нашиот сограѓанин Коста Ќука. Господинот Ќука голема благодарност изрази до нашиот стручен директор Др.Жаклина Сирвини за големата поддршка која ја има кон него и неговото семејство. Овие прекрасни слики ќе ги красат нашите ходници низ Клиниката.Секогаш со восхит ќе подзастануваме со поглед кон нив велат нашите вработени. Изразуваме голема благодарност до нашиот сограѓанин Коста Ќука за донацијата од името на сите вработени во клиниката и го поздравуваме со неговиот слоган на сликите ‘Со љубов Коста Ќука до сите нас’ “, рече Сузана Конеска, портпарол на Клиничката болница во Битола.47573889 327063397890911 4486517180929671168 n

Првата изложба Ќука ја имаше пред две години кога раскажа дека почнал да ги фотографира заоѓањата во Охрид.

Мамо, што сакаш да ти донесам од Охрид, ја прашал телефонски својата мајка во Битола, додека Коста бил на прошетка низ Охрид. Таа му одговорила „едно зајдисонце“, знаејќи дека таму крај езерото заоѓањата се величенствени. Коста размислувал како може раскошното растопување на огнената топка во езерската шир да го однесе во Битола. Тогаш се досетил дека тоа може да го стори со фотографија. Хромозомот плус му дал талент плус.

Всушност од таму, од брегот на Охридското Езеро започна и фотографска дејност на Коста. Во изминатите седум години тој направил над 120 фотографии, во најголемиот дел од нив ја уловил природата и зајдисонцата.

„Пресреќен сум и многу ми е мило што ги направив овие дела. Сонцето е како лек за срцето, тоа изгрева и заоѓа. Како прва алатка за сликање почнав со мобилен телефон, а моите кога сфатија дека прекрасно фотографирам ми купија апарат за сликање. Од тогаш фотографирањето ми прирасна за срцето. Уживам да ја фотографирам природата, сонцето, цвеќињата и зеленилото, таму е сè толку величенствено. Дел од фотографиите ги направив во Битола, Охрид, Преспа, а некои во Грција“, вели Коста.87A38049 69BC 42A3 BF4A 34C04DF2FF22 w1023 r1 s

47245425 709332696119198 4126315887475032064 n

47576248 510739486094388 7815433670772129792 n

47473928 284056078911012 8111777918750818304 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани