2win800x200

Објавен јавниот повик до доверителите на Општина Битола

Декември 12, 2018

Локалната самоуправа денеска објави јавниот повик до доверителите на Општина Битола да ги пријават доспеаните, а неплатени побарувања. Овој повик се објавува според новиот Закон за финансиска поддршка на општините, средства што Владата на РМ ги обезбеди со ребаланс на буџетот, како помош за општините кои имаат неисплатени долгови. Општина Битола од Владата ќе добие 2,5 милиони евра.

„Се повикуваат доверителите на Општина Битола и доверителите на единките основани од Општина Битола од областа на образование, култура, детска и социјална заштита да ги пријавата доспеаните а неплатени побарувања заклучно со 30.09.2018 година. рокот на пријавување е 15 дена“, се наведува во јавниот повик на Општина Битола.

Според овој јавен повик, градоначалникот и директорите на единките основани од Општината можат да пристапат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на повикот за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на износот на обврските. Приоритет на исплатата на долговите ќе имаат доверителите со кои спогодбено е постигнато целосно откажување од каматите и намалување на главницата за 15 проценти.

-Јавниот повик е објавен согласно законот донесен во Собранието на РМ. Повикот ќе се одвива според одредбите од тој закон и она што го дефинира правилникот, а потоа ќе има преговори, што е предвидено и со законот. Не би прејудицирала како би се одвивале работите, затоа што едно е како гледаме ние од едната страна, а друго е како гледаат доверителите од другата страна, но факт е дека со ова ќе се обезбедат средства што нив им се потребни и на тој начин би имале обрт во нивните бизниси, што е голем мотив за секој бизнисмен, рече Петровска.

Државата ќе покрие 51 процент од долговите на општините, а на нивните сметки ќе бидат исплатени околу 50 милиони евра. Целта е да се зајакне фискалниот капацитет на единиците на локалната самоуправа, сервисирање на долговите и раздолжување кон стопанството, а останатите 49 проценти од долгото општините сами ќе го сервисираат,

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани