2win800x200

По долги години запуштеност се реконструира кровот на Земјоделското училиште во Битола

Декември 13, 2018

Во средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ – Битола се реконструира кровот и се препокрива објектот. Санацијата е овозможена со средства  од А.Д МЕПСО во висина од 2,500,000 денари. Ова битолско училиште е со 110 годишна традиција  и во последните децении не се памети поголем реконструктивен зафат. Училиштето беше маргинализирано во споредба со други школи во градот и не беа направени никакви вложувања и санации.

 

-Во моментов како најзначаен реконструктивен проект во училиштето е изведување на градежно-занаетчиски работи за препокривање и санација на кровот. Средствата беа обезбедени од АД МЕПСО. Нареден проект кој е во завршна административна фаза и се очекува да заврши до крајот на јануари  наредната  година , е промена на сите прозорци и главната влезна врата, со средства во висина од 20 000 евра добиени од USAID Македонија, вели Благојче Кривевски, в-д директор на на СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола.

Според Кривевски во последната година со голема мотивираност  направени се  неколку клучни реновирања во самото училиште. Најпрво се обезбедени средства за реконструкција на санитарните јазли предвидени за наставниот кадар во февруари оваа  година. Тековно беа реконструирани  и  бојадисувани училниците и беа поставени флип-чарт табли. Во повејќето училници ако претходно постоеше, додатно беше монтирано парно греење.

-Планирани се и ќе следат уште многу проекти  се со цел исполнување на визијата на СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола училиштето да биде здрава и безбедна средина во која секој може да научи, да ги развива своите индивидуални перформанси и да стекне знаења и вештини кои успешно ќе ги применува во општествената заедница, напоменува Кривевски.  received 454732735111430received 335199140643694received 291807908342997received 206645453604382received 505055586652875received 386666802104402

 received 593164267788278

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани